English ::: Македонски  
 

НАШТЕ АКТИВНОСТИ

Нашите главни активности се поврзани со образованието, човечките права и будење на свеста за политичко учество и дискриминација во Македонското општество.

Во моментов сме вклучени во проекти кои:

  • Ги информираат Ромските деца и нивните родители за важноста на образованието. Затоа што децата Роми честопати се принудени да започнат да допринесуваат во семејните приходи колку што е можно порано, активностите на Амбрела се насочени кон тоа да им помогнат на родителите да сфатат дека детскиот труд ги намалува идните шанси за успех на детето.
  • Поддршка на децата Роми за надминување на образовните недостатоци. Децата кои растат во помалку или повеќе затворени Ромски заедници, генерално многу послабо го зборуваат Македонскиот јазик кога ќе почнат да одат на училиште. Поради овие причини, нашата работа се фокусира на предавање на Македонски јазик на предшколските деца и им помага на учениците во основно училиште да си ги завршат домашните задачи.  

Нашите изминати и тековни активности и професионално искуство вклучуваат:

  • Дизајнирање и спроведување на теренско истражување во рамките на Ромската Експертска Група (во соработка со Европскиот Центар за Малцински Права)
  • Менторство од врсници и вон-наставни активности (помош при изработка на домашните задачи)
  • Изучување на компјутерски вештини и јазици
  • Посредување помеѓу образовните институции и локалните Ромски заедници
  • Подигање на свесноста за човечките права, дискриминација и позиција на жените Ромки.
  • Спорт и културни активности
  • Помош при социјални работи

Подолу се наоѓаат некои фотографии од нашите минати и тековни активности со децата и родителите.

Надминувајќи ги нашите проектни активности, ние се гледаме себеси како инструмент за политичка промена со цел да се избориме против дискриминацијата во образовниот систем. Најважните прашања во оваа област се:

  • Испраќање на Ромските деца во специјални училишта наместо да се однесуваме кон нивните потреби како билингвалци
  • Лишување на родителите Роми од правото сами да одберат училиште за своите деца  
  • Ниски стандарди за учење и инфериорна инфраструктура во училиштата каде мнозинството се деца Роми.
AMBRELA.org.mk