ВКЛУЧЕТЕ СЕ
Со цел да се надополни и да се подобри секојдневната работа кон интеграција на Ромите, би сакале да размениме искуство и know-how со исто-мислени организации и индивидуи. Ако се пронаоѓате во овој опис, ве молиме контактирајте не и посетете не во Центарот за Интеграција.
Може да се вклучите и да ја поддржите работата на Амбрела и Ромската интеграција преку:
- Официјални партнерства
- Истражувачка соработка
- Пракса (на краток и долг рок)
- Работни посети
- Финансиска помош
Официјални партнерства
Не само што сме свесни за вредноста на соработката со други организации во Македонија и пошироко, туку исто така имаме капацитет да се прилагодиме на специфичните потреби на нашите партнери, исто како и искуство во координирање на хуманитарни акции кои ќе им обезбедат материјална поддршка на децата Роми за да се овозможи нивно целосно вклучување во настава. Имајќи го ова во предвид, ги охрабруваме потенцијалните партнери да ни пристапат со нивните идеи за тоа како можеме да ги здружиме силите.
Соработка при истражување
Со своите контакти, искуство и локација Амбрела е едниствено позиционирана за подршка на студентите и академците во прибирање податоци за ситуацијата на Ромите во Македонија во области кои вклучуваат (но не исклучиво) дискриминација, домашно насилство, вработување, родова еднаквост, човечки права, политичко учество и социјални услуги.
Пракса
Амбрела исто така е отворена за практиканти за период од месец до година. Волонтерите треба да имаат завршено факултет во релевантна област и да имаат знаење и искуство во некоја од следниве области: собирање средства, изготвување на понуди, залагање и лобирање, веб дизајн. Знаење и искуство во општествена работа е исто така пожелно, како што се и вештините за обуки и креативни работилници за интерактивни методи на учење за деца, млади и возрасни. За комплетирање на целосното работно искуство со откривање на Ромскиот јазик и култура, Амбрела може да обезбеди сместување во локални Ромски семејства со мали трошоци, кои ќе му обезбедат на практикантот евтино место за живеење додека истовремено го помагаат семејството да ги финансира своите деца за целосно учество во наставата.
Работни посети
Амбрела им посакува добредојде на гостите од Македонија и пошироко, како што го има тоа правено и во минатото. Ве молиме контактирајте не за да ги појасните своите потреби и да го посетите Центарот за Интеграција.
Финансиска помош
Откако се оформи Амбрела, нејзиното целосно финансирање беше засновано на проекти. Како резултат на тоа, континуитетот на нашите активности е неизвесен во поглед на краткиот период на време на финансирање на проектот. Стабилна финансиска поддршка би ни овозможила да понудиме непрекината едукација и помош.
Амбрела е исто така во процес на развивање на проектот Поддржете Дете. Оваа иницијатива би поддржала најмалку 50-ина деца поврзувајќи ги децата со ментор кој би обезбедил финансиска или друг вид на поддршка, со цел да им се овозможи на децата да учествуваат во образовниот систем како чекор поблиску кон интеграција. За да ни помогнете да ги поддржиме Ромските деца преку овој проект, ве молиме контактирајте не.
|