ПРОЕКТИ
Тимот на Амбрела има значајно искуство во имплементирање на проекти за подигнување на свесноста во областа на образованието, здравјето, човечките права, родова еднаквост и вработување. Во продолжение се наоѓа список на минати и тековни проекти превземени во соработка со други организации.
Документација на децата Роми – во соработка со Центарот за Човечки Права и Разрешување Конфликти при регистрација и добивање на документи за претходно нерегистрирани деца.
Помош при образование и менторство од страна на врсници – соработка со Volkshilfe при развој и исполнување на дневни активности за децата кои го посетуваат Амбрела Центарот. Активностите вклучуваат помош со домашните задачи, компјутерска писменост, јазици и социјални вештини. Дополнителни активности насочени кон еманципација на девојчињата од основно училиште.
Еманципација на Ромската младина – спорт и општествени активности во рамките на меѓународната инцијатива Open Fun.
Теренски истражувања на тема Здравство – интервјуа за имунизација на децата Роми во преку 200 семејства во рамките на проектот спроведен од Ромската НВО Месечина.
Материјална поддршка за образование - координација за дистрибуција на училишен прибор обезбеден од ЕВН за сиромашните деца.
Истражување за интеграција на Ромите – меѓународен проект предводен од Европскиот центар за малцински права кој вклучува теренско истражување во десет града лоцирани низ Макдонија.
Декада на Ромите – информирање на локалните Ромски заедници за постоењето и важноста на декадата на вклучување на Ромите, со акцент ставен на образование, здравје, вработување, удомување и човечки права. Превземени во соработка со националната мрежа на Ромски НВО, RNVO2002.
Ромски културни ментори – работа на сочувување и промовирање на Ромската култура во соработка со НВО Darhia.
Ромски школски ментори – мотивирање на децата да почнат да посетуваат и да останат во училиште, помагајќи им на родителите и училиштата да создадат услови за редовна посета на училишта во рамките на националниот проект спроведен од Националниот Ромски Центар.
Превенција на злоупотреба на деца – работилници за подигање на свесноста кај децата и родителите за злоупотреба на деца и како да се искорени; оваа активност беше спроведена во соработка со Националниот Совет на Жени во Македонија, како дел од светските активности организирани на официјалниот ден за спречување на Насилство врз Деца.
Право на глас на жените – подигање на свесноста меѓу жените за нивното право на глас и родовата дискриминација.
Учество на жените во политиката – подигање на свеста за важноста на политичкиот активизам во рамките на проектот предводен од Ромската НВО на жени Daja.
Млади Ромки лидерки – учество во иницијативата Ромки лидерки, преку која младите Ромки ги предизвикаа традиционалните погледи кон улогата на родовите.
|