ТИМОТ НА АМБРЕЛА
Тимот на Амбрела се состои од 5 луѓе кои се одговорни за управување со проектот и за негова имплементација. Додека менаџментот работи вbо канцелариите на Амбрела, групата за имплементација извршува дневни активности за подигање на свеста и образование на посебни локации.
Покрај техничките вештини, професионалното искуство и ентузијазмот на индивидуалните членови, тимот на Амбрела црпи сила од својата разноликост. Составен од личности со Албанска, Босанска, Македонска, Ромска и Српска националност, тимот на Амбрела е олицетворение на Македонското општество и служи како модел за интеграција.
Менаџмент Тим:
Љатифе Шиковска – Директор
Има завршено студии за физичко воспитание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Поранешна професионална фудбалерка, таа сега има функција на тренер во Open Fun Фудбалското Училиште. Таа има обемно искуство во работа со grass-root организации, вклучувајќи го и Младинскиот Центар Надеж во Шуто Оризари. Преку нејзината работа како активист и мотиватор во заедницата, Г-ѓа. Шиковска стана угледен пример за локалната Ромска заедница. Нејзиното учество во локални, национални и меѓународни проекти резултираше во широка мрежа на професионални контакти. Г-ѓа. Шиковска е професионалец кој е насочен кон заедницата и верува дека моќта на интеграцијата лежи во пристапот оддолу нагоре и преку еманципација на малцинските групи.
Стручност во следниве области: култура, општествена работа; образование, родови прашања, здравје, човечки права, спорт, шверц, учество на жените во политиката
Ајда Мустафовска – Проект Менаџер
Се има здобиено со универзитетска диплома по Германски јазик и литература на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Како надополнување на нејзиното искуство како наставник во локалното училиште во Шуто Оризари, Г-ѓа. Мустафовска има учествувано во локални и национални проекти за човечки права и родова еднаквост, здравствена грижа, и менторство на Ромската младина. Таа претходно била член на младинската организација Ромки лидерки (Romani Women Leaders), каде што била одговорна за прашања поврзани со позицијата на девојките и жените во Ромската традиција.
Стручност во следниве области: дискриминација, образование; родова еднаквост; Ромски јазик, култура и традиции; прерани бракови и чесност (невиност).
Гордана Родиќ-Китановска – Менаџер на програмата/Советник
Магистар по Англиски јазик и Литература од Универзитетот во Утрехт, каде што се специјализирала за Американски студии. Г-ѓа Родиќ-Китановска има значително искуство во невладиниот сектор во Југо-Источна Европа и Холандија. Нејзин најскорашен ангажман беше Меѓународен Менаџер на Програма во Европскиот Центар за Малцинства, предводејќи го спроведувањето на истражувањето и проектот “Ромски Експертски Групи за Ромска Интеграција”, кој ја поддржуваше професионална ориентација(изградба) на Ромите во Македонија, со искуство и стручност во областа на образование, вработување, здравје и човечки права.
Стручност во следниве области: општествена работа; дискриминација; родова еднаквост; еманципација на grass-root обичниот народ/ниски слоеви; малцински прашања; вмрежување (национално/меѓународно); бегалци; Интеграција на Ромите
Тим за спроведување(имплементација):
Имерзад Авди – Координатор на проект
Универзитетска диплома како наставник по Албански јазик и литература. Има претходно искуство во работа со образовниот систем како и со неколку невладини организации (Надеж, UNICEF проекти со деца бегалци). Во моментов работи како проект координатор во Амбрела и е насочена кон помош со домашните задачи и менторски програми за децата Роми.
Соња Арсковска – Проектен Асистент
Е задолжена за Македонски јазик и литература. Г-ца Арсковска има големо искуство во невладиниот сектор – нејзината улога во Амбрела е да ја поддржува координацијата во проектот на дневна основа и да им помага на децата во подобрување на Македонскиот јазик кој е од суштинско значење за интеграцијата. Како надополнување, тимот за имплементација го сочинуваат 8 девојчиња Ромки кои учествуваат како проектни асистенти/ментори врсници за децата кои редовно ја посетуваат Амбрела. Нивната вклученост како ментори врсници има значаен придонес за професионален развој и еманципација на девојчињата Ромки во општината Шуто Оризари.
|